Ауди го претстави новиот A6 Allroad

По минатогодишното претставување на новата генерација на А6, Ауди ја претстави и верзијата Allroad.

За купувачите кои не преферираат SUV и Crossover возила, од Ауди понудија верзија која се базира на основата на стандардниот А6 модел, а спецификата на луксузот, квалитетот и моќта се спојува со можност за користење на секакви подлоги. Понудени се три верзии од трилитарскиот V6 мотор, а ќе се разликуваат само по испорачаната моќ.

Allroad доаѓа со стандардниот quatro интегрален погон и со подвозје кое е за 45 милиметри повеќе подигнато од стандардната верзија. 4,9 метри долгото возило во основната верзија 45 TDI испорачува моќ од 231 ks и вртежен момент од 500Nm.

Верзијата 50 TDI има моќ од 286 ks и вртежен момент од 620Nm, а 55 TDI испорачува 349 ks и вртежен момент од 700 Nm.

Сите верзии користат автоматски менувач со 8 степени на пренос.

Основната цена на Allroad во Германија изнесува 61 500 евра.

Претходна Преоѓањето на Жоао Феликс во Манчестер Сити, ќе ѝ донесе на Бенфика заработка од неверојатни 120 милиони евра
Следна Продукти кои ја зајакнуваат ерекцијата

Награден напис

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron

Сегашниот Audi RS7 Sportback послужи како основа за еден од последните екстремни проекти на полската …

Don`t copy text!