Италијанската компанија Арес Дизајн покажа уште еден проект базиран на Land Rover Defender.
Наречен е Defender Spec 1.2 и е наследник на Defender Ultra V8 2018, кој беше произведен во 53 примероци, од кои секоја чинеше 215.000 евра. Новиот Defender 1.2 е ограничен на само 15 примероци, а цените не се објавуваат јавно.
Defender Spec 1.2 доаѓа без чекрк, висок внес на воздух (шнорхел) и други теренски компоненти што ги имаше Ultra V8, но има 305/70 теренски гуми, електронски прилагодливи амортизери со поставки за Sport и Soft,
SUV е придвижуван од 4,7-литарски атмосферски V8 мотор спарен со 6-степен автоматски менувач кој развива 278 КС и 440 Nm вртежен момент. За запирање се грижат сопирачките AP Racing.
Арес инсталираше ЛЕД светла, пошироки браници поради масивните тркала, како и нова хауба, решетка за ладилникот и рамки за светло изработени од јаглеродни влакна. Внатрешноста има и детали од карбон, овој материјал го краси воланот, а задниот дел од предните седишта е направен од карбон. Внатрешноста е тапацирана со црвена кожа, прозорците во третиот ред се поголеми, а има и нов панорамски стаклен покрив.
Defender доби и модерен инфо-забавен систем, загреани ретровизори и слично.