Американецот Колин О'Брејди е првиот човек што сам го поминал Антарктикот

Колин О’Брејди е првиот човек што сам без помош го поминал Антарктикот за само 53 дена, и е побрз од Британецот Луис Рад со кој тргнал на епското патување по мраз.
Двајцата на трети ноември тргнале на патувањето долго 1482 километри.

“Јас сум многу уморен човек, апсолутно сум исцрпен, но полека се опоравувам”, изјавил Колин О’Брејди преку сателитскиот телефон во интервјуто дадено за BBC на четириесет и седмиот ден од неговата авантура, на дваесетти декември.

Исто така, изјавува дека е среќен што успеал да ги совлада екстремните временски непогоди и непристапниот терен составен од замрзнати височинки. Додека се справувал со теренот, студот и напорот, ослабел толку многу што рачниот часовник му паѓал од раката.
За време на своето патување се огласувал само преку Инстаграм и преку сателитскиот телефон, а секој вечер одговарал на по едно прашање од студентите што го следеле.
Капетан Луис Рад изјавил дека ова патување го направил како спомен на својот колега Хенри Ворсли кој трагично настрадал обидувајќи се да го направи истиот подвиг.

Претходна Љубов во првата секунда
Следна Subaru STI модели на саемот на автомобили во Токио

Награден напис

Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари

Новата мега јахта на Џеф Безос е снимена на отворено и чини неверојатни 500 милиони …

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Don`t copy text!