Амазон со бизнис идеја за автономни такси возила

Амазон има намера да купи стартап за развој на автономни автомобил, Zoox за 1,2 милијарди долари.

Корпорацијата на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, нагласува дека нивната цел била да ја реализираат идејата за компанија наречена Амазокс со купување на „Zoox“. Идејата е да се направи роботско такси или автономно такси возило, пишува американското бизнис списание „Форбс“.

Според овој медиум, Амазон не погрешил со ова бизнис решение затоа што оцениле дека самовозечките-такси возила имаат голем деловен потенцијал. Претпоставката е дека компанијата на Безос може да стане лидер во овој бизнис.

Во светски рамки, 5 трилиони долари се трошат на годишно ниво за услуги за транспорт на луѓе. Но, ќе биде потребно повеќе време за автономните такси возила да бидат достапни ширум светот. Се очекува ваквите возила да го направат транспортот многу поевтин и да донесат други бенефиции за луѓето.

Овој деловен потфат исто така треба да ги подобри постојните услуги на Амазон и тоа првенствено се однесува на нивниот логистички бизнис. Како и да е, како што изјави Форбс, Амазон има голема работа пред себе во развојот на автономни такси возила.

Претходна ERA – Looking For Something
Следна Тјунираниот R33 Skyline GT-R на Nissan чини 120.000 долари

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!