Адреналинските авантуристи наскоро ќе добијат можност да го видат потонатиот Титаник

Од оваа година јавноста ќе добие шанса да заплови по истата траса по која пловел Титаник за последен пат. Покрај пловидбата, на љубителите на екстремно нуркање ќе им се овозможи да ги видат остатоците од потонатиот брод.
Компанијата Ocean Gate ќе ја изведе експедицијата со име Titanic Survey Expedition, а секој што ќе сака да биде дел од оваа авантура ќе треба да плати 105.129 долари.
На експедицијата за која подготовките ќе започнат на 26 јуни 2019 година, покрај патниците ќе бидат и 9 членови на екипажот. Интересот за оваа поморска катастрофа е непроменет уште од времето кога пред 34 години Роберт Балард и неговиот тим ги открија остатоците на потонатиот Титаник.
Откако удрил во огромна санта мраз на 15 април 1912 година, Титаник потонал за 2 часа и 40 минути при тоа носејќи со себе во смрт 1503 патници и членови на екипаж.
Сите што сакаат да учествуваат на експедицијата треба да се постари од 18 години, да се мобилни, флексибилни и се разбира да имаат 105.129 долари.

Претходна Данска на домашен терен го победи Чиле
Следна Автомобилите на Хјундаи добија три награди за сигурност за две недели

Награден напис

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Патиките на Мајкл Џордан се продадени за дури 2,2 милиони долари

Патиките на кошаркарската легенда Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, на аукција …

Don`t copy text!