Освежениот AUDI R8 со агресивен изглед

Во своето седиште AUDI го претстави редизајнот на својот најбрз автомобил R8. Редизајнираниот R8 доби нова, поширока предна маска со поагресивен изглед. Промените во задниот дел се во делот на браникот. Доби нов браник со квадратни отвори за издувните цевки и сјаен, црн, средишен дифузер.
Освен редизајнот на предниот и задниот дел новиот R8 доби и поголеми тркала (19 и 20 инчни), како и промена на внатрешноста со нова кожа, подобри материјали и нова комбинација на бои.
Под хаубата работите не се многу сменети. Сè уше го придвижува 5,2 литарски атмосферски V10 мотор, но сега со моќност од 570 ks, со вртежен момент од 550 Nm. Благодарение на зголемената моќност забрзувањето од 0-100 е 3,4 секунди, а максималната брзина е 324 km/h. Во SPIDER верзијата има малку различни параметри, забрзувањето од 0-100 е 3,5 секунди, а максималната брзина е 322 km/h.
Во PERFORMANCE верзијата R8 ќе се испорачува со моќност од 620 ks, со вртежен момент од 580 Nm, и забрзување од 0-100 е 3,1 секунди, а максималната брзина е 331 km/h.
Од брендот нагласуваат дека покрај сите наведени промени, има и мали промени во бесењето и на управувањето.
На пазарот суперавтомобилот ќе се појави на почетокот на идната година и во Германија цената ќе биде околу 165.000 евра.

Претходна Virgin Australia им помага на патниците да се справат со стресот од летање со авион
Следна McLaren Speedtail со цена од 1,97 милиони долари

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!